Димитров: Во Атина сум за да барам поддршка
Грчкиот министер Никос Коѕиас порача дека се за развој на односите меѓу двете земји, смета дека е потребно решение за спорот за името.

Денешната средба е добaр почеток, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров во Атина и побара поддршка. Грчкиот министер Никос Коѕиас порача дека се за развој на односите меѓу двете земји, смета дека е потребно решение за спорот за името.
„Ние ќе го изиграме нашето, да се свртиме кон иднината, мислам дека можеме подобро на Балканот од што го правиме сите заедно, и ќе продолжам да давам аргументи и со зборови и со дела, дека е во интерес на нашиот поголем и повлијателен сосед ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО и ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ“, рече Димитров.
На агендата на министерот Димитров се и средби и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа и со Јоргос Кумуцакос кој е одговорен за надворешната политика во најголемата опозициска партија Нова демократија.
