Европскиот парламент со 503 гласа ја усвои резолуцијата за Македонија
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016-та. Резолуцијата предложена од словенечкиот пратеник Иво Вајгл ја поддржаа 503 европарламентарци, 113 гласаа против и 45 беа воздржани. За извештајот се дебатираше за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето поради политичката ситуација во Македонија...

Европскиот парламент со 503 гласови за, 113 против и 45 воздржани ја усвои резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година.
Резолуцијата претрпи мали промени, кои ја зедоа во предвид еволуцијата на ситуацијата во Македонија, за што беа поднесени 40 амандмани од кои 23 поминаа.
За реформите за пристапување кон ЕУ, Европскиот парламент ја потврдува својата поддршка за отворање на пристапните преговори, под услов да се направи видлив напредок во спроведувањето на договорот од Пржино.
А исто исто така, ЕП предупредува на негативните последици кои можат да се појават со понатамошното одложувања на процесот на евро-атлантската интеграција на земјата, на политички план, но на и социо- економски и безбедносен план. Па дури и ако Европската унија се соочува со многу предизвици (Брегзит, миграциите, радикализмот, итн), европратениците сметаат дека процесот на проширување не треба да биде нарушен.
Меѓу очекуваните мерки од Македонија се очекува: сеопфатна стратегија за е-влада со цел за намалување на сложените административни формалности за државата, граѓаните и претпријатијата, потоа зајакнување на правосудтсвото, посебно процедурите за назначување и потранспарентно унапредување, во правните прописи и во праксата и со укинување на законските препреки чија жртва е македонското судство.
Европратениците, исто така, повикауваат на решителна акција против корупцијата, Борбата против криминалот, радикализмот и дискриминацијата.
Регионалната соработка и односите со Грција, европратениците веруваат дека регионалната соработка е суштински елемент во процесот за пристапување во ЕУ и треба да биде меѓу приоритетите на Владата.
Европскиот парламент исто така смета, дека преговорите за договор за пријателство и добрососедство со Бугарија се од суштинско значење.
Европратениците на крај ги поздравуваат конкретните резултати од иницијативата за воспоставување мерки за градење доверба со Грција, кои можат да придонесат за зближување и поблиски билатерални односи и го отвора патот на изнаоѓање решение прифатливо за двете страни за прашањето за името на земјата. Европратениците ја повикуваат со инсистирање, заменик потпретседателот на Комисијата и високиот претставник иза надворешна и безбедносна политика за развој на нови иницијативи за решавање на споровите кои останат и да работи во соработка со двете земји и специјалниот претставник на ОН во решавањето на ова прашање информирајќи го за ова Европскиот парламент.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ
