Најмалку 17 загинати во напад во Могадишу, сѐ уште има заложници

15.06.2017 10:23

Вооружени напаѓачи, кои се претставуваат како воени лица, се уште држат заложници во хотелот „Пош“. Двајца киднапери се застрелани, а десетмина заложници се спасени.

Најмалку 17 лица загинаа, а 26 се ранети во напад со автомобил-бомба врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу.

Вооружени напаѓачи, кои се претставуваат како воени лица, се уште држат заложници во хотелот „Пош“. Двајца киднапери се застрелани, а десетмина заложници се спасени.

„Јас преживеав, имам мала повреда. Во напaдот загинаа многу млади луѓе. Видов најмалку 8 мртви. Кога успеав да излезам, им помагав на другите“, изјави Махмуд Абди.

Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката групација Ал Шабаб.