САД му продаде на Катар 36 воени авиони

15.06.2017 11:18

Пред неколку недели, американскиот претседател Трамп потпиша спогодба со Саудиска Арабија за продажба на оружје во вредност од 110 милијарди долари.

Пентагон склучи зделка за продажба на 36 воени авиони Ф-15 на Катар во вредност од 12 милијарди долари. Пред неколку недели, американскиот претседател Трамп потпиша спогодба со Саудиска Арабија за продажба на оружје во вредност од 110 милијарди долари.

Катар е во дипломатска изолација од страна на неколку заливски земји поради поддршка за тероризмот.