Жарко Луковски заминува од Македонски Телеком

15.06.2017 11:43

Луковски, кому му истекува менаџерскиот договор, кариерата ќе ја продолжи надвор од компанијата.

Жарко Луковски на крајот на месецов заминува од функцијата главен оперативен директор на Македонски Телеком, соопштија од компанијата. Луковски, кому му истекува менаџерскиот договор, кариерата ќе ја продолжи надвор од компанијата.

Неговата функција, во период од три месеци, ќе ја извршува Назим Буши, досегашен заменик- претседател на одборот на директори.

Луковски на највисоки функции во Македонски Телеком беше од 2006-та година.