Меј: Договорот со ДУП не го загрозува мировниот процес

15.06.2017 11:59

Меј ќе се сретне со лидерите на сите партии од Северна Ирска, во обид да ги смири стравувањата во Белфаст ...

Британската премиерка Тереза Меј ќе се сретне со лидерите на сите партии од Северна Ирска, во обид да ги смири стравувањата во Белфаст за тоа дека договорот на британските конзервативци со Демократската унионистичка партија (ДУП), за поддршка на малцинската влада во Лондон, го загрозува мировниот процес во покраината, од април 1998 година.

Со договорите е предвидено Британија и Република Ирска, како гаранти и надгледувачи на мировната спогодба, да демонстрираат апсолутна непристрасност.