Германија воведува нови мерки за спречување тероризам
Германија воведува нови мерки за спречување на тероризмот. Старосната граница за земање на отпечатоци на прсти кај мигрантите се намалува од 14 на 6 години. Азил побарале 1,2 милиони лица...
Сојузните и покраинските безбедносни претставници на Германија договорија нови мерки за зголемување на капацитетите во борбата против террозмот и криминалот. Вклучена е и мерка со која на надлежните органи им се дозволува да ја надгледуваат употребата на апликацијата „УатсАП“ или слични програми доколку постои сомнение за опасност.
„Не може да дозволиме да постојат области кои се практично надвор од законот“, изјави Томас Де Мезиер, министер за внатрешни работи.
За подобро утврдување на идентитетот на барателите на азил, договорено е старосната граница за мигрантите од кои се земаат отпечатоци од прсти да се намали од 14 на шест години. На лицата кои се идентификувани како припадници на ултрадесничарското движење „Граѓани на рајхот“ им се забранува поседување на оружје.
Статистичката агенција на ЕУ процени дека над 1,2 милиони луѓе поднеле барање за азил во земјите-членки на блокот, и тоа најмногу од Сирија, Авганистан и Ирак.
Евростат наведе дека 60% од барањата се направени во Германија, а по нив следува Италија со 10%.
Владата во Берлин неодамна усвои план за олеснување на депортацијата на одбиените баратели на азил. На сит екои ги исполниле условите им се забрзува процесот, а останатите мора да се вратат во татковината. Во 2015 година, Германија беше преплавена со 890 илјади барања за азил.
Маја Филдишев
