Кумуцакос: Потребно е взаемно прифатливо решение за прашањето за името

15.06.2017 12:48

Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика, повторил дека е потребно взаемно прифатливо решение за прашањето за името.

Билатералните односи меѓу Македонија и Грција и нивната иднина во фокусот и на средбата што македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров вчера ја имеше со Јоргос Кумуцакос, од најголемата опозициска партија Нова Демократија.

Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика, повторил дека е потребно взаемно прифатливо решение за прашањето за името.

„Веруваме дека тоа може да се случи за брзо време ако постои вистинска позитивна политичка волја. Токму затоа што веруваме дека има потреба од взаемно прифатливо решение, сметаме дека политиката од Букурешт, која беше изразена со едногласна одлука на НАТО, останува силна“, истакнал Кумуцакос.