ВМРО-ДПМНЕ: СДС не смее да ги игнорира проблемите на земјоделците
Соопштуват дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а истата достигнуваше и до 50 денари за прва класа, наведуваат од партијата.

СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее поради несериозниот пристап да трпи основната гранка за егзистенција на многу семејства во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштуват дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а истата достигнуваше и до 50 денари за прва класа, наведуваат од партијата.
Велат, додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016-та година за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите.
