Нова фабрика во ТИРЗ Струмица

15.06.2017 13:06

Во новиот капацитет на „Адиент“ треба да бидат префрлени 750 работници кои ги ангажираше американската компанија „Адинет“ во браунфилд погонот во Струмица. Инвестицијата е 20 милиони евра, предвидени се 1.500 вработувања.

Почнува да работи фабриката „Адиент“ во технолошко- индустриската развојна зона во Струмица. Инвестицијата е 20 милиони евра, предвидени се 1.500 вработувања.

Во новиот капацитет треба да бидат префрлени 750 работници кои ги ангажираше американската компанија „Адинет“ во браунфилд погонот во Струмица.

До крајот на годината треба да се реализираат уште 400 нови вработувања. Во фабриката ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта.