Се укинува роамингот во земјите- членки на ЕУ
15.06.2017 13:11
„Укинувањето на роаминг трошоците е еден од најголемите конкретни успеси на ЕУ“, се вели во заедничкото соопштение од Европскиот парламент и Европската комисија.

Се укинува роамингот во ЕУ. Од денеска сите земји- членки ќе може да се јавуваат, да праќаат пораки, да користат интернет исто како во својата земја. Операторите имаа две години за да се подготват за крај на роамингот.
„Укинувањето на роаминг трошоците е еден од најголемите конкретни успеси на ЕУ“, се вели во заедничкото соопштение од Европскиот парламент и Европската комисија.
Дури 36 европски оператори решиja да не ги послушаат советите на Европската комисија и ќе продолжат да го наплаќаат роамингот.
