Собранието ја продолжи седницата за избор на заменици- министри

15.06.2017 13:13

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа повеќе време да се дискутира за биографиите на предложените кадровски решенија.

Собранието ја продолжи петтата седница. Последна точка на дневниот ред е изборот на заменици- министри на владата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа повеќе време да се дискутира за биографиите на предложените кадровски решенија.

Во Законодавниот дом ќе се разгледаат и годишните извештаи на неколку институции.

Пратениците ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување Закон за изменување на законот за работните односи, со која се бара продолжување на породилното отсуство.