Струшката депонија сѐ уште гори, Стружани на протест
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, вчера за време на посетата на општина Струга, истакна дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата...

Струшката дива депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираат протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, вчера за време на посетата на општина Струга, истакна дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата. Најави дека го решат со користење средста од ИПА фондовите.
Зоран Шапуриќ, кој е член на работната група како првични краткорочни решенија ги посочи конкретни активности за гасење на пожарот на депонијата, со ангажман на расположивата градежна механизација за конзервирање на депонијата.
Градоначалникот на Струга, Забзун Мустафа изрази надеж дека со заеднички напори со Владата ќе најдат решение за ова прашање бидејќи, како што додаде, општината сама нема сила да се справи со проблемот.
