Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

15.06.2017 13:48

За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

И за денеска метеорлозите најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Според УХМР позначителна нестабилност повторно се очекува утре, попладне и во текот на ноќта кон сабота.

За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Вчера попладне, големо невреме зафати повеќе делови од земјава, Скопската котлина, Велес, Свети Николе, Тиквешијата. Во Скопје паѓаше град со големина на орев.

Управата за хидрометеролошки работи предупреди дека поради локален пороен дожд има опасност од појава на одрони и на свлечишта.