Собрание

Димовски побара итна седница за депонијата во Струга

15.06.2017 14:18

Пратеникот Димовски побара да се свика итна седница на која ќе се дебатира за депонијата во Струга...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара да се свика итна седница на која ќе се дебатира за депонијата во Струга, која што според него е запалена и претставува опасност по здравјето на жителите и на природната средина.

На ова претседателот на Собранието, Талат Џафери возврати дека постојат процедури за тоа, и откако ќе биде подготвена информација од Владата, или пак од пратениците, ќе се создадат  услови да се дискутира и за ова прашање.