Ловиштата ставени под контрола

16.06.2017 10:19

Mинатата година на 20 концесионери за недоволна грижа на ловиштата им беа одземени концесиите. Сега по електронски пат ќе се врши ново јавно наддавање за избор на други физички или правни лица кои ќе стопанисуваат со нив. Еден од бенифитите со изавањето на ловиштата на управување е и драстичното намалување на нелегалниот лов.

Во Македонија има 206 ловишта кои се дадени под концесија, а 20 од нив поради непочитување на обврските од договорот им се одземени на сегашните концесионери.

Најдени се неправилности во грижата за животните особено за време на зимскиот период кои се однесуваат на непоставување на хранилки и на поилки за дивечот. Повеќето од одземените концесии се за ловишта за ситнот но дел од нив се одземени и за неправилно стопанисување и негрижа за крупениот дивеч.

Со издавањето на ловиштата под концесија во последните години расте и бројот на популацијата на дивите животни до целосно пополнување на капацитетите.

Според експертите нелегалниот лов е драстично намален поради поголемата совесност и навиките кај ловџиите, високите казни и поголемото присуство на ловочуварските служби формирани од концесионерите.

На овој бизнис сега се гледа нако на високопрофитабилна дејност, а Македонија станува позната дестинација на светската ловна карта која годишно ја посетуваат и до 50.000 ловџии.

 

Методија Трајков