Ердоган: Спорот со Катар да се реши пред крајот на Рамазан

16.06.2017 10:21

Турција која го поддржува Катар се обидува да ја реши кризата со дипломатија и смета дека раздорот нанесува штета на исламскиот свет.

Турскиот претседател Ердоган го повика саудискиот крал Салман да го реши спорот со Катар пред крајот на Рамазан. Во интервју за португалската телевизија „ЕР-ТЕ-ПЕ“, Ердоган изјави дека муслиманските држави не треба да воведуваат санкции на други муслимански држави.

Турција која го поддржува Катар се обидува да ја реши кризата со дипломатија и смета дека раздорот нанесува штета на исламскиот свет.

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу денеска ќе ја посети Саудиска Арабија во обид за решавање на кризата.