ВМРО-ДПМНЕ: СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга
Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на Стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот. Темата за депонијата во Струга е важна и не може и не смее да биде замолчена со одземање збор на пратеник, стои во дописот.

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат струга. СДС и нивните коалициски партнери ја претвораат Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија. СДС и нивните партнери со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на Стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот. Темата за депонијата во Струга е важна и не може и не смее да биде замолчена со одземање збор на пратеник, стои во дописот.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат, граѓаните бараат да се исполнат дадените ветувања. Ги очекуваат најавените 16 илјади денари минимална плата и 30 илјади денари просечна плата и тоа веднаш. Лекарите очекуваат 100 илјади денари плата, како што им вети СДС.
Време е СДС да почне да работи на исполнување на дадените ветувања, бидејќи граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.
