Синдикатот на „Југохром“ в недела на средба со Заев
Со одлука на Државниот инспекторат, печките на „Југохром“ згаснаа во почетокот на ноември минатата година...

В недела синдикатот на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце ќе има средба со премиерот Заев. Ќе се разговара за барањето на синдикалците за одново работење на компанијата. Со одлука на Државниот инспекторат печките на „Југохром“ згаснаа во почетокот на ноември минатата година, со објаснување дека комбинатот е главниот загадувач во Тетово.
Во априлското барање за средба со Владата, раководството гарантираше дека до крајот на годинава 70 проценти од филтрите и системот за отпрашување ќе бидат поставени.
Од 1-ви ноември, Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31-ви октомври сѐ уште не беа поставени филтрите за отпрашување на воздухот.
Локалната власт ја поддржа оваа одлука, со образложение дека работата на фабриката во зимскиот период претставува проблем за сите граѓани од регионот.
