Променливо облачно со сончеви периоди

16.06.2017 10:55

Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот. Дневната температура ќе се движи од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот. Дневната температура ќе се движи од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Слично време се очекува и во Скопје. Утре во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.

Засилен ветер и пониски температури ќе има до понеделник.