СДСМ: Проблемот со струшката депонија се решава интензивно
Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо, велат од СДСМ.

Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета расположлива механизација. Пожарот веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување.
Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо, велат од СДСМ.
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот дури откако владата формираше комисија чии што задолженија интензивно се спроведуваат на терен.
Како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени прикажува лажна загриженост за проблемите на граѓаните, барајќи итни мерки дури откако тие веќе се спроведуваат, стои во дописот.
СДСМ, преку реформската влада, целосно се посвети на санирање на штетите што зад себе ги остави 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е цврсто определена да спроведе реформи кои ќе донесат добар живот за сите, се вели во соопштението од СДСМ.
