Две жртви во демонстрациите во Венецуела
16.06.2017 11:13
Еден од загинатите бил застрелан во градите, кога провладините милиции отвориле оган кон демонстрантите, додека пак другиот бил прегазен со автомобил.
Две млади лица на возраст од околу 20 години биле убиени вчера во антивладините протести во Венецуела, со што бројот на загинатите во протестите, кои траат два и пол месеци достигна 72 лица.
Еден од загинатите бил застрелан во градите, кога провладините милиции отвориле оган кон демонстрантите, додека пак другиот бил прегазен со автомобил.
Демонстрантите бараат оставка од претседателот Мадуро и предвремени избори.
