Франција: В недела втор круг парламентарни избори

16.06.2017 11:56

Изборите на кои право на глас имаат околу 47 милиони французи ќе се одржат со силни мерки за безбедност. Во целата држава се распоредени дополнителни 50.000 полицајци.

Во Франција в недела ќе биде одржан вториот круг од парламентарните избори на кои се очекува центристичката партија на новиот претседател Емануел Макрон да освои апсолутно мнозинство во Парламентот.

Изборите на кои право на глас имаат околу 47 милиони французи ќе се одржат со силни мерки за безбедност. Во целата држава се распоредени дополнителни 50.000 полицајци.

Во Франција на сила е вонредна состојба воведена во 2015-та година по бранот терористички напади во кои имаше над 200 жртви.