Пентагон го зголемува контигентот во Авганистан
16.06.2017 12:20
Министерот за одбрана може да ја објави одлуката за зголемување на контигентот во следната недела.

Пентагон ќе испрати уште 4.000 американски војници во Авганистан, соопшти претставник на американската влада. Министерот за одбрана може да ја објави одлуката за зголемување на контигентот во следната недела.
Поголемиот дел од војниците ќе обучуваат и советуваат авганистански сили за безбедност, а мал број ќе учествуваат во контратерористички операции против талибанците и ИД.
