Над 4.500 невработени постиле обуки и курсеви
Завршна конференција за проектот „Поддршка за вработување на младите, долгорочно невработените и жените“. Финансиран е од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамките на оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016. Целта беше да се интегрираат младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, односно да се зголеми нивната вработливост преку подобрување на знаењето и вештините. Се проценува дека 4.500 невработени лица имале придобивки од проектните активности.

Над 4.500 невработени луѓе ги посетиле курсевите за странски јазици, обуки за ИТ вештини и за занаети. Вториот грант од ЕУ наменет за невработените да добијат повисоки квалификации на пазарот на трудот имаше за цел поддршка и едукација. Според раководителот за соработка во делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, пристапот во ЕУ не значи само реформи, туку и можност за економски развој на земјата.
Инвестирањето во човечките ресурси е значајно за ЕУ тоа подразбира и социјална компонента. Идејата е долгорно да се подржуваат невработените луѓе.
97 проценти европски пари беа искористени од грантот вреден околу 2 милиони евра. 670 лица по обуките се вработиле, а интерес имало и за занаетите.
Инструментот за претпристапна помош на земјите кандидатки за ЕУ овозможи модернизација и усовршување на Агенцијата за вработување.
Дијана Ценевска
