Москва: Лидерот на ИД најверојатно убиен во Рака
16.06.2017 12:46
Во соопштение се нагласува дека покрај него биле убиени и други команданти во екстремистичката група и 330 терористи.

Руското министерство за одбрана соопшти дека е можно лидерот на Исламска држава, Ал Багдади да бил убиен во руски воздушен напад врз Рака кон крајот на мај.
Во соопштение се нагласува дека покрај него биле убиени и други команданти во екстремистичката група и 330 терористи.
Портпаролот на коалицијата предводена од САД, која се бори против ИД, пак, изјави дека не може да се потврди оваа вест.
Руското министерство наведе дека Русија ја известила САД за воздушниот напад на периферијата на сирискиот град, во текот на кој е можно да бил убиен лидерот Ал Багдади.
