СЈО до Врховен суд поднесе барање за заштита на законитоста за случајот „Талир“

16.06.2017 12:49

Исполнети се сите законски претпоставки за обезбедување на имотот кој што потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрeпуваат барањето, соопштуваат од СЈО.

Специјалното јавно обвинителство постапувајќи по предметот „Талир“ до Врховниот суд поднесе барање за заштита на законитоста. Се бара судот да ја поништи одлуката на скопска единица по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Исполнети се сите законски претпоставки за обезбедување на имотот кој што потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрeпуваат барањето, соопштуваат од СЈО.

Се укажува и на неопходноста од толкување на Законот за финансирање на политичките партии во согласност со меѓународните стандарди врз основа на кои, овој закон е донесен и на околноста дека рестриктивното толкување на првостепениот суд на споменатиот закон е во спротивност и со заложбите за спречување на корупцијата како неопходен услов за градење на демократско општество и почитување на принципот на владеењето на правото, стои во соопштението од Специјалното јавно обвинителство.