Се преземаат активности за гаснење на пожарот на дивата депонија во Струга
Со ангажираната механизација, како што велат од локалната самоуправа, е завршена првата фаза, која опфаќаше тампонирање на патот до депонијата. Втората фаза, гаснење на депонијата, треба да се одвива во текот на денот. Активностите се во координација на централната и на локалната власт.

Од синоќа почнаа активности за гаснење на пожарот во депонијата кај Струга. Со ангажираната механизација, како што велат од локалната самоуправа, е завршена првата фаза, која опфаќаше тампонирање на патот до депонијата. Втората фаза, гаснење на депонијата, треба да се одвива во текот на денот. Активностите се во координација на централната и на локалната власт.
Стружани побараа трајно решавање на проблемот и итна интервенција за гаснење на пожарот на депонијата која е на само 500 метри од градот. Сметаат дека депонијата треба да се дислоцира.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието побараа итна седница за проблемот. Министерот за животна средина, Садула Дураку најави дека со одлука на владата, министерството има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата, во чијшто состав се и претставници на министерствата за здравство, за транспорт, од Дирекцијата за заштита и зпасување и од Центарот за управување со кризи.
Дураку најави дека проблемот со депонијата ќе го решат со користење средства од ИПА фондовите.
