Се бараат измени на Законот за заштита на децата
16.06.2017 13:23
Народниот правобранитесл со иницијатива за измена на Законот за заштита на децата. Оттаму велат дека сегашните нормативни решенија предизвикуваат нееднаквост и правна несигурност меѓу родителите.

Освен мајката, и таткото да има право да добива родителски додаток за трето дете. Народниот правобранитесл со иницијатива за измена на Законот за заштита на децата. Оттаму велат дека сегашните нормативни решенија предизвикуваат нееднаквост и правна несигурност меѓу родителите.
Народниот правобранител во своето работење по конкретни предмети констатирал нелогичности. Тврдат дека корисниците на социјална парична помош и другите видови на социјални примања не можат да остварат родителски додаток за трето дете. Бараат сериозна анализа на законот.
