Шекеринска- Герет: Одбранбената соработка на високо ниво

16.06.2017 13:48

На средбата беше потенцирана важноста на регионалната соработка како предуслов за стабилност и безбедност. Во таа насока амбасадорот Герет рече дека и покрај процесот на излегување од Европската Унија, Обединетото Кралство останува активен дел од Европа и сојузник на НАТО-Алијансата за која регионот и Македонија се од голем интерес.

Одбранбената соработка помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се реализира на исклучително високо ниво и и двете земји ќе вложат дополнителни напори за нејзино унапредување, заклучија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Герет на денешната средба во Министерството.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, министерката Шекеринска на средбата зборувала за плановите на новата Влада за суштински и вистински реформски зафати со цел достигнување на стратегиските цели на земјата- членството во НАТО и во Европската Унија. Министерката истакна дека Македонија ќе даде придонес во создавањето на амбиент за потесна соработка во регионот и останува посветена на учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот предводени од НАТО, Европската Унија и Обединетите Нации.

На средбата беше потенцирана важноста на регионалната соработка како предуслов за стабилност и безбедност. Во таа насока амбасадорот Герет рече дека и покрај процесот на излегување од Европската Унија, Обединетото Кралство останува активен дел од Европа и сојузник на НАТО-Алијансата за која регионот и Македонија се од голем интерес.

Амбасадорот Герет изрази недвосмислена поддршка за членството на Македонија во Алијансата, и додаде дека треба да се искористи овој момент на изразен оптимизам и ентузијазам видлив во Македонија и кај партнерите.

Сеопфатната одбранбена соработка помеѓу двете земји започна во 1995 година и опфаќа разни курсеви, работилници и семинари од областа на градењето интегритет, стратегиското лидерство, менаџментот во одбраната, воената едукација на Кралскиот колеџ во Лондон и други високо-образовни институции.