Кампања за заштита на шумите од пожари
Преку кампања до поголема свест кај населението за заштита на шумите од пожари. На плоштадот „Македонија“ се делеа флаери, а стручни лица даваа совети и препораки како да се заштитат шумите. Во кампањата се вклучени Противпожарните сојузи, Македонски шуми и Дирекцијата за заштита и спасување.

Да не се пали отворен оган во шума, излетниците, туристите и берачите на лековити билки при престојот во шумите да внимаваат да не предизвикаат пожар. Претстојните горештини ги обединија надлежните. Со кампања ќе ја подигаат јавната свест, бидејќи 99 проценти човекот е виновен за пожарите во шумите.
Во последните години на годишно ниво избувнуваат по 127 пожари кои уништуваат зелена површина од 25 илјади фудбалски игралишта. Во 2000-та во Македонија имаше 500 пожари, а беа опжарени 46 илјади хектари шума. 2007-ма имавме 650 пожари, беше опожарена површина од 35 илјади хектари.
Со постојани контроли и казни ќе се штити шумскиот фонд од пламените јазици. За палење стрништа и плевел глобата е до 3.000 евра. Според податоците, се намалува бројот на пожарите низ годините.
Сателитски мониторинг за рано откривање на пожари им помага навреме да го детектираат местото и брзо да дејствуваат. Во еден систем се поврзани институциите кои први излегуваат на терен.
Наташа Јанчиќ
