Метео: Променливо време за викендот

16.06.2017 15:17

Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Овој посвеж бран ќе услови температурите да опаднат за неколку степени.

Првиот ден од викендот во Македонија ќе донесе променливо облачно време со повремени врнежи од дожд уште во претпладневните часови особено во северните делови. Можна е и појава на ретки грмежи.

Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Овој посвеж бран ќе услови температурите да опаднат за неколку степени.

И во недела се очекува ветровито и посвежо време со услови за послаби локални врнежи од дожд.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска