Расте бројот на жртви во пожарот во Лондон
16.06.2017 15:24
Шефот на лондонската полиција истакна дека се хоспитализирани 24 луѓе, од кои 12 се во критична состојба, и додаде дека очекува бројот на жртви да се зголеми.

Бројот на загинати во пожарот што уништи станбена зграда во западен Лондон се искачи на 30. Шефот на лондонската полиција истакна дека се хоспитализирани 24 луѓе, од кои 12 се во критична состојба, и додаде дека очекува бројот на жртви да се зголеми.
Претходно британскиот таблоид „Сан“ објави листа со 65 имиња, кои и натаму се водат како исчезнати.
Пожарот избувна ноќта меѓу неделата и понеделникот и за кратко време се рашири на сите катови. Повеќе стотици лица останаа заробени во пламенот.
