Изгаснати пожарите на струшката депонија, локацијата се тампонира
Тешка механизација веќе втор ден работи на локацијата, со цел конзервација на локалитетот што веќе неколку месеци наназад беше опожаруван, а густ чад и штетни честички секојдневно го загадува воздухот, предизвикувајќи респираторни и други проблеми кај населението на Струга и околните села.
Активностите спроведени на терен резултираа со гаснење на пожарите на дивата депонија во Струга, а според последните информации затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот што се наоѓа таму.
Тешка механизација веќе втор ден работи на локацијата, со цел конзервација на локалитетот што веќе неколку месеци наназад беше опожаруван, а густ чад и штетни честички секојдневно го загадува воздухот, предизвикувајќи респираторни и други проблеми кај населението на Струга и околните села.
Граѓаните на Струга заедно со активисти на повеќе граѓански здруженија во меѓувреме побараа од политичарите, како на локално така и на национално ниво, да престанат да ја злоупотребуваат нивната мака за добивање политички поени, а сите капацитети да ги вложат во преземање конкретни активности за надминување на проблематичната состојба.
Од граѓанската иницијатива „Доста“, во меѓувреме, до надлежните институции е упатено барање со три точки, во кои се инсистира веднаш да се изнајде нова локација за одлагање на отпадот, одлука во најкус рок за целосно затворање и конзервација на дивата депонија, како и разработување методи за намалување на отпадот и негова селекција.
Тие следниот протест во врска со проблемот со отпадот во Струга го најавија за в среда, 21-ви јуни.
