ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува да работи на штета на граѓаните

19.06.2017 10:33

Последица од нивното работење, велат во оваа партија е укинувањето на дисперзираните студии без притоа да се изјаснат студентите кои ја користеле оваа поволност.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС продолжува да работи на штета на граѓаните во земјава. Последица од нивното работење, велат во оваа партија е укинувањето на дисперзираните студии без притоа да се изјаснат студентите кои ја користеле оваа поволност.

Оваа мерка ја користеа 20 илјади студенти во изминатите девет години. ВМРО-ДПМНЕ одново бара да се покачат платите и пензиите, следствено на ветувањата на СДС.