Показна вежба на АРМ во Петровец и во Катланово

19.06.2017 10:37

На вежбата ќе присуствува и врховниот командант Ѓорге Иванов како и началникот на генералшабот, генерал потполковник Методија Величковски.

Во касарната во Петровец и во Катланово ќе се изведе показна вежба на Средната батаљонска борбена група на Армијата на Република Македонија. Ова е дел на одбележувањето на 25 години од формирањето Македонска Армија.

На вежбата ќе присуствува и врховниот командант Ѓорге Иванов како и началникот на генералшабот, генерал потполковник Методија Величковски. 

Во Центарот за обука на армијата во Пепелиште денеска и утре се одржува меѓународната вежба „Модекс 2017“ што ја организира агенцијата за заштита и спасување, во која освен македонскиот тим, учествуваат и екипи од Италија, Австрија и Романија.