Жртви и поведени во нов напад со возило во Лондон

19.06.2017 10:02

По инцидентот, луѓето успеале да го фатат напаѓачот и и го предале на полицијата која засега не го третира случајот како терористички акт.

Едно лице загина, а десетина се повредени во северен Лондон, откако напаѓач со возило влетал во група верници кои излегувале од џамијата во Финсбери Парк.

По инцидентот, луѓето успеале да го фатат напаѓачот и и го предале на полицијата која засега не го третира случајот како терористички акт.

Ова е четвртиот инцидент во Обединетото Кралство во последните четири месеци.

Денеска почнуваат преговорите за излез од ЕУ предводени од државниот секретар за Брегзит Дејвид Дејвис и Мишел Барние, главниот преговарач на Европската комисија.

Се очекува Велика Британија да ја напушпти Унијата на крајот на март 2019 година, две години откако на 29 март премиерката Тереза ​​Меј ја активира постапката за излез.