Убедлива победа на партијата на Макрон на изборите во Франција

19.06.2017 10:51

Одзивот на гласачите изнесуваше само 42,6 отсто.

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон „Републиката напред“ (РЕМ) по  вториот круг на парламентраните избори освои 308 пратенички места, коишто заедно со 42-цата пратеници од коалициските партнери на Демократското движење (МоДем), обезбеди апсолутно мнозинство во Националното собрание кое брои 577 пратеници. 

Одзивот на гласачите изнесуваше само 42,6 отсто. Најмоќна опозизициска сила ќе биде блокот предводен од конзервативната партијата „Репубиканците“ (ЛР) со освоени 130 пратеници.

Блокот на Социјалистичката партија (ПС) и Левата радикална партија (ПРГ), ќе има 33 пратенички места.Ултрадесничарите од Национален фронт (ФН) имаат осум.