Први судири меѓу владините сили и Арапско- курдската коалиција во Сирија
19.06.2017 11:01
Борбите почнале во две села во Рака откако американски воен авион од меѓународната коалиција што се бори против Исламската држава (ИД), собори бомбардер од типот СУ-22 на сириското военовоздухопловство, при што исчезна пилотот.

Сириската армија се судри со арапско-курдскиот бунтовничи блок Сириски демократски сили (СДФ), поддржани од коалицијата предводена од САД.
Борбите почнале во две села во Рака откако американски воен авион од меѓународната коалиција што се бори против Исламската држава (ИД), собори бомбардер од типот СУ-22 на сириското военовоздухопловство, при што исчезна пилотот.
Сириската војска стигна до границите на зоните што се под контрола на силите поддржани од коалицијата во северна и во јужна Сирија.
