ОМД: Влез во ЕУ и во НАТО, но не по цена на промена на името
Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство кое живее во Албанија, Србија, Бугарија и Грција...

Обединетата Македонска Дијаспора порачува дека нема да поддржи, ниту да признае взаемно прифатливо решение за името. Оттаму велат дека континуирано стојат зад напорите на земјава за влез во Европската унија и во НАТО, но не по цена на промена на името.
„Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство кое живее во Албанија, Србија, Бугарија и Грција, заедно со нашата дијаспора, на глобално ниво, нема да прифатат апсолутно никаква промена, нити пак размена на нашето име и идентитет за членство во некоја меѓународна организација или сојуз“, велат од Обединетата Македонска Дијаспора.
Бараат земјава без условување да влезе во ЕУ и во НАТО.
