Франција: Изборите ја зајакнаа позицијата на Макрон
Чиста победа на движењето на Републиката, предводена од новиот француски претседател Емануел Макрон. Победникот освои повеќе од 300 места во националното Собрание кое има 577 пратеници. Сепак, загрижува излезноста на избирачките места, најниска од 2012-тата година.

Претседателското мнозинство, партијата Републиката напред и МоДем се стекнаа со апсолутно мнозинство од 351 пратеници од вкупно 577. Тоа е помалку однајавуваните 390 до 470, со оглед на голеата демобилизација на гласачите, од коидури рекордни 57,35 отсто не изегоа да гласаат.
Во штабот кај макронистите не се криеше задоволството од победата.
„Да тоа е победа. Потоа дали станува збор за триумф, не. Кај Републиката напред немаме навика на триумф. Тука сме да работиме. Побаравме од французите да ни дадат мнозинство и ни го дадоа на јасен начин. Значи тоа е победа и голема радост.“
Апстанционизмот никогаш не е добра вест за демократијата, причините се бројни констатира премиерот Едуар Филип.
„Владата тоа го сваќа како жестока обврска да успее. Довербата на избирачите се стекнува со нашата примерност, искрено ангажирање и видливи резултати. Вечерва се отвора времето за акција за претседателското мнозинство. Тоа мнозинство е обединето зад владата за да ја спроведе програмата на претседателот на Републиката“- рече Филип.
За социјалистите кои освоија само 44 пратенички места со тие на своите сојузници, ова е крај на една епоха. Жан Кристоф Камбаделис првиот секретар на социјалистичката партија призна дека триумфoт на Емануел Макрон е неоспорлив. Како што е неоспорлив и Поразот на левицата и на Социјалистичката партија. Во 2012 година имаше апослутно мнозинство во Националното Собрание и Сенатот, раководеше со скоро сите региони и половината од департманите, од вчера е маргинална партија.
„Левицата треба да промени се, како формата, така и основата, своите идеи, како и својата организација. Левицата треба да отвори нов циклус и да ги преизмисли корените на прогресизмот, бидејќи двата нејзини столбови: социјалната држава и постојаното ширење на слободите се ставени во прашање“, изјави Камбаделис.
Конзервативците- Републиканците и УДИ и покрај поразот на претседателските избори покажаа солиден отпор и освоија 137 пратеничко место и тие ќе бидат најсилната опозициска партија.
Националниот Фронт, кој во Собранието ќе биде претставен со осум пратеници, меѓу кои и претседателката на партијата Марин Ле Пен се најавува дека ќе бид единствената сила на отпорот на политиката на Макрон.
Но истото го тврди и Непокорна Франција на Жан Лук Меланшон кој заедно со сојузниците од Комунистичјата партија освоија 27 пратенички места.
Десетте други пратенички места се на другите парти од кои дури три за пратеници од корзиканските локални партии.
Меѓу личностите, поранешниот премиер Мануел Влас успеа да биде избран за пратеник, но со мала разлика на гласови. Што не им успеа на поранешните министри како Жан Жак Урвоас, Маризол Турен или Мириам Ел Комри.
Меѓу пратениците, 232 се жени, што претставува рекорд. А, од претходниот состав пратеничките места успеаа да ги зачуваат само 145 пратеници, односоно 75 отсто од се нови пратеници.
Денешните француски коментатори, забележуваат дека победата на Макрон е јасна, но со нијанса. Нивото на излезноста на гласачите, како и неочекуваниот отпор на десницата „звучи како предупредување“, односно на Емануел Макрон „не му е даден бланко чек“.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
