Неколку часа во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар
20.06.2017 07:57
Прекинот е поради изведување градежни работи на пат, односно асфалтирање.

Сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар, на делот од Мелнички мост до село Долно Косоврасти, денеска ќе биде во прекин во двата правци од 13 до 17 часот.
Како што соопшти АМСМ, прекинот е поради изведување градежни работи на пат, односно асфалтирање.
