Истекоа лични податоци на речиси 200 милиони американски граѓани
20.06.2017 10:33
До податоците можело да се пристапи преку серверот на Амазон клауд. Информациите се собирани од пораки на форумите на „Редит“ до комитетите за собирање средства за Републиканската партија.

Маркетиншката фирма, која ја ангажираше Републиканскиот национален комитет случајно објавила доверливи податоци за околу 200 милиони американски граѓани.
До податоците можело да се пристапи преку серверот на Амазон клауд. Информациите се собирани од пораки на форумите на „Редит“ до комитетите за собирање средства за Републиканската партија.
Собраните информации се внесени во табели и ставени на сервер во сопственост на „Дип рут аналитикс“, а последен пат се ажурирани во јануари, кога претседателот на САД, Доналд Трамп е инаугуриран.
