Земјоделци го блокираа патот Росоман - Прилеп
Патот е блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори. Земјоделците се незадоволни од откупот на праски...

Од изутрината, регионалниот пат Росоман- Прилеп кај пазарот во Росоман е блокиран од земјоделци кои се незадоволни од откупот на праските. Тие излегоа на блокади со трактори, барајќи повисоки цени за производот. Сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.
Со откупна цена од само 2 денари килограм, невозможно е да се покријат основите трошоци, цена која е далеку од посакуваната нормална од 20 денари од килограм, велат земјоделците.
Производителите на праски бараат ограничувања на увозот и владина интервенција на влада со зголемени субвенции за праски за минимум 50 насто. Бараат и итна мерка за стпроцентно обештетување на овоштарите погодени од овогодинешното невреме.
