Почина американскиот студент ослободен од Северна Кореја
20.06.2017 11:44
Севернокорејските месицински тимови излегоа со дијагноза за ретка болест која го парализира телото, но американските лекари ја негираат.

Американскиот студент Ото Вармбер, кој беше ослободен од затвор во Северна Кореја, почина во болница во Синсинати, Охајо.
22-годишниот Вармбер, кој минал 15 месеци в затвор поради наводна кражба на пропаганден хотелски плакат, бил донесен од Пјонгјанг во коматозна состојба.
Севернокорејските месицински тимови излегоа со дијагноза за ретка болест која го парализира телото, но американските лекари ја негираат.
Според нив, причина за смртта на Вармбер бил недостиг на кислород и крв во мозокот којшто доживеал сериозно оштетување за време на издржувањето на казната.
