Уапсени роднини на напаѓачот од Шанзелизе

20.06.2017 12:07

Во автомобилот со кој удри намерно во полициско возило се пронајдени оружје и експлозиви.

Француската полиција упаси четири членови на семејството на исламскиот екстремист кој загина при неуспешниот обид за напад на булеварот „Елисејски полиња“ во Париз.

Во автомобилот со кој удри намерно во полициско возило се пронајдени оружје и експлозиви.

31-годишниот Адам Џазири никогаш не бил осудуван, но од 2015 година  бил на полициската листа на лица кои би можеле да претставуваат закана за националната безбедност зашто бил член на радикално исламистичко движење.