Богата програма на „Скопско лето“
Утревечер по 38-ми пат по ред, почнува „Скопско лето“. Организаторите најавија дека за свеченото отворање во Македонска опера и балет ќе се одржи концерт на турскиот музичар и композитор, Омер Фарук Текбилек со неговиот ансамбл.

Градскиот летен фестивал содржи богата програма за сечиј вкус. Над 50 програмски содржини, од кои 20- тина концерти, 10 ликовни изложби, 8 театарски претстави, 3 промоции на книги и 10 филмски проекции содржани во манифестацијата „Кафе Кино“. Свеченото отворање е со познатиот турски музичар Омер Фарук Текбилек.
Пораката за мирот на улица Македонија преку инсталацијата- Мисли слобода, ќе ја пренесе ликовната уметница Едина Селешковиќ.
Дирекцијата за култура и уметност, како и секоја година, нуди богата мултимедијална програма.
Скопско лето 2017 –та е организирано во соработка со Градот Скопје и Министерството за култура.
Анита Никушева- Јованчев
