„5 до 12“ повторно со шатори пред Собранието
20.06.2017 13:04
Срочени се барањата за законски измени со кои сметаат дека ќе им се подобри животот на луѓето со хендикеп, попреченост или со посебни потреби.

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ повторно со шатори пред Собранието, во паркот „Жена борец“. Срочени се барањата за законски измени со кои сметаат дека ќе им се подобри животот на луѓето со хендикеп, попреченост или со посебни потреби.
Испратен повик за средба со надлежните. Во наредните три дена ќе се организираат работилници, изложби и консултации за потребните измени на законските и подзаконските акти, а кои произлегуваат од нивните барања.
