Венецуела ја напушти средбата на ОАД

20.06.2017 13:29

Земјите-членки повторно не успеаја да ја усвојат резолуцијата со која се осудуваат порадикалните активности на претседателот Николас Мадуро.

Министерката за надворешни работи на Венецуела, Делси Родригес ја напушти средбата на Организацијата на американските држави (ОАД) во Канкун, на која се разгледуваше политичката криза во нејзината земја. 

Земјите-членки повторно не успеаја да ја усвојат резолуцијата со која се осудуваат порадикалните активности на претседателот Николас Мадуро.

Во Каракас се уште се протестира против неговата влада. За 80 дена загинаа над 70 луѓе, а илјадници беа повредени во насилствата.