Судот го прифати обвинителниот акт на СЈО за случајот „Транспортер“

20.06.2017 13:41

Одлуката ја донесе Советот за оценка на обвинителен акт по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, соопштија од Судот.

Скопскиот Кривичен суд го прифати обвинителниот акт од Специјалното јавно обвинителство за предметот „Транспортер“. Ќе биде закажан термин за почеток на судењето што ќе го води судијката Лидија Петровска.

Одлуката ја донесе Советот за оценка на обвинителен акт по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, соопштија од Судот.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник и уште 20 лица, за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.